📸🎥 Муричи даде гол за Косово па изрази поддршка за ОВК и Хашим Тачи

Натпреварот помеѓу Косово и Република Ирска во Б-дивизијата на Лигата на нации се одигра во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои неодамна беа осудени за воени злосторства во Хаг

Прегледи:

Датум:

Натпреварот помеѓу Косово и Република Ирска во Б-дивизијата на Лигата на нации се одигра во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои неодамна беа осудени за воени злосторства во Хаг.

Домашниот тим победи со 1-0 во Приштина, а единствениот гол го постигна Ведат Муричи во 83-тата минута. По голот, напаѓачот покажа маица со пораката „Правда за ослободителите“, додека од другата страна пишуваше „Не во мое име“.

Фотографиите од натпреварот потврдуваат дека Муричи покажал порака за поддршка за време на прославата.

Поддршката за поранешните лидери на ОВК беше видлива и на трибините на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, додека навивачите изведуваа кореографија со буквите ОВК и пораката „Единство. Слобода. Гордост“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атанасов: „Суперкупот е еден од трофеите кои сакаме да ги задржиме“

Новата кошаркарска сезона во македонската кошаркарска прва лига ќе...

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА: Ракометарките убедливи против Србија, Црна Гора и Хрватска ремизираа

Женската ракометна репрезентација репрезентација ги совладаа ракометарките од Србија...

Јунајтед го привлече талентираниот Касим од Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед се согласи да потпише со младиот играч...

📽️ Израелски фудбалер доби црвен картон поради прослава на гол

Израелскиот репрезентативец Саид Абу Фархи доби црвен картон поради...