Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, објави прелиминарен список од 55 играчи од кои ќе го избере конечниот состав за Светското првенство во Северна Америка. Конечниот список од 26 играчи мора да биде објавен до 2 јуни.
Повеќето од клучните играчи на „Гаучосите“ се во составот, предводен од Лионел Меси. Големото отсуство е напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, кој беше дел од репрезентацијата на Аргентина што стана светски шампион во 2022 година. 32-годишникот има проблеми со повреди, поради што не игра редовно и има само 3 гола. Отсуството на Дибала не е големо изненадување, бидејќи не е повикан од 2024 година.
🚨 Argentina have announced their 55 player World Cup roster
55 players will now be cut to 26
No place for Paulo Dybala ❌🇦🇷 pic.twitter.com/Yz5hTN26AS
— World Cup HQ (@WorldCup26HQ) May 11, 2026
Од повиканите играчи, јасно е дека Скалони веќе почнува да размислува за генерациска промена. Во составот се младите Алехандро Гарначо, Франко Мастантуоно и Клаудио Ечевери. Тренерот се потпираше на голем број играчи од аргентинскиот шампионат, а најмногу од гигантите Ривер Плата и Бока Јуниорс. Едно од изненадувањата е името на младиот голман Сантијаго Белтран.
Според правилата на ФИФА, доколку е потребна промена во официјалниот состав за Светското првенство поради повреда, замена може да се повика само од овој проширен список. Поради оваа причина, Скалони се погрижи да има доволно играчи на сите позиции.
Составот на Аргентина:
Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Јеронимо Рули (Марсеј), Валтер Бенитез (ПСВ), Хуан Мусо (Атлетико Мадрид), Факундо Камбезе (Расинг), Сантијаго Белтран (Ривер Плата)
Дефанзивци: Агустин Гуај (Палмеирас), Науел Молина (Атлетико), Гонзало Монтиел, Херман Песела (двајцата Ривер Плата), Николас Капалдо (Хамбург), Кевин Мекалистер (Унион), Лукас Мартинез (Ривер Плата), Маркос Сенези (Бурнемаут), Лисандро (Бенфика), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Леонардо Балерди (Марсеј), Лаутаро ди Лоло (Бока Јуниорс), Зајед Ромеро (Хетафе), Факундо Медина (Ленс/Марсеј), Николас Таљафико (Лион), Маркос Акуња (Ривер Плата), Габриел (Рејсинг)
Играчи од средниот ред: Масимо Пероне (Комо), Леандро Паредес (Бока Јуниорс), Гвидо Родригез (Валенсија), Анибал Морено (Ривер Плата), Енцо Фернандез (Челси), Родриго де Пол (Интер Мајами), Езекиел Паласиос (Баер), Алексис Мекалистер (Ливерпул), Џовани Ло Селсо (Бетис), Нико Паз (Комо), Николас Домингез (Нотингем), Алехандро Гарначо (Челси), Николас Гонзалес (Атлетико), Клаудио Ечевери (Жирона), Милтон Делгадо (Бока Јуниорс), Алан Варела (Порто), Езекиланд Виљан (Баер) Барко (Стразбур), Тиаго Алмада (Атлетико), Томаш Аранда (Бока Јуниорс)
Напаѓачи: Џулијано Симеоне (Атлетико Мадрид), Јулијан Алварез (Атлетико Мадрид), Николас Гонзалес (Атлетико Мадрид), Лионел Меси (Интер Мајами), Лаутаро Мартинез (Интер), Сантијаго Кастро (Болоња), Франко Мастантуоно (Реал Мадрид), Матлуенка (Реал, Суланиа) Сантијаго Кастро (Болоња), Хозе Мануел Лопез (Палмеирас), Матео Пелегрино (Парма).


