Артета има три трансфер цели за јануари

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се стреми да го засили својот тим со уште три нови играчи во јануарскиот преоден рок

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се стреми да го засили својот тим со уште три нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Според „Скај Спортс“, шампионите внимателно ги следат Антонио Нуса од РБ Лајпциг и Кевин Шаде од Брентфорд. Арсенал генерално бара офанзивен фудбалер кој може да игра на левото крило, но може да игра и на други позиции во офанзивната линија.

Тимот од Лондон беше заинтересиран да привлечат ѕвезден напаѓач во летото, а Морган Роџерс, Винисиус и Хулијан Алварез беа поврзувани како потенцијални цели. Првиот се пресели во Челси, вториот потпиша нов договор со Реал Мадрид, а третиот јасно стави до знаење дека не сака да ја напушти Шпанија, па затоа повеќе не е моментална цел.

Алекс Скот од Борнмут е, исто така, во трансфер плановите на Арсенал, но конкуренцијата за него ќе биде сериозна, а Челси и Ливерпул се, исто така, заинтересирани да го привлечат англискиот репрезентативец.

Во меѓувреме, раководството на Арсенал е фокусирано на обновување на договорите со клучните играчи од првиот тим како што се Деклан Рајс, Давид Раја, Пјеро Инкапие и Јуриен Тимбер, кои (и официјално) треба да потпишат во секој момент.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алкараз се справи со Медведев и е на чекор од полуфиналето на завршниот АТП турнир

Вториот носител, Карлос Алкараз, е блиску до полуфиналето на...

Реал Мадрид постави цена на Винисиус

Шпанскиот новинар Хозеп Педрерол откри која е минималната сума...

Јамал, Флик, Жоан Гарсија, Карлос Еспи и Арда Ѓулер ги освоија наградите од Ла Лига за сезоната 2025/26

Шпанска Ла Лига ги објави добитниците на индивидуалните награди...

Милан подготвен да потпише со Ендрик во јануари, нуди 70.000.000 евра

Реал Мадрид си поигра со Ендрик ова лето. Наместо...