ФИФА за притисокот врз Инфантино: Обид преку обвинувања да се постигне она што не може да се постигне преку гласање

Управното тело на светскиот фудбал остро реагираше на растечкиот притисок врз претседателот Џани Инфантино, велејќи дека постои „координиран и постојан напор“ за поткопување на ФИФА и нејзиниот претседател

Прегледи:

Датум:

Управното тело на светскиот фудбал остро реагираше на растечкиот притисок врз претседателот Џани Инфантино, велејќи дека постои „координиран и постојан напор“ за поткопување на ФИФА и нејзиниот претседател. Инфантино во последните денови е критикуван од УЕФА и европските фудбалски федерации, а претседателката на Норвешката фудбалска федерација, Лиза Клавенес, го повика да поднесе оставка.

ФИФА соопшти дека е сè појасно дека има организиран обид за поткопување на организацијата и нејзиниот претседател, Џани Инфантино.

„Претседателот на ФИФА е демократски избран од страна на асоцијациите членки и продолжува да служи врз основа на својот мандат“, се вели во соопштението.

ФИФА вели дека оние кои немаат поддршка од своите федерации членки не треба да се обидуваат преку обвинувања, инсинуации или дезинформации да постигнат она што не можат преку воспоставените демократски процедури на организацијата.

Контроверзен план и притисок од Европа

Инфантино е под зголемен притисок од УЕФА и европските национални асоцијации поради одбиениот предлог за „ФИФА Форвер Ентерпрајз“.

Планот предвидуваше основање на нова компанија која би управувала со комерцијалните права и продажбата на билети на ФИФА, додека 21 процент од сопственоста би се продала на приватна инвестициска компанија.

УЕФА објави дека ја изгубила довербата во Инфантино, а претседателката на Норвешката фудбалска асоцијација, Лиса Клавенес, го повика да поднесе оставка.

Можноста европските асоцијации да ги бојкотираат настаните на ФИФА останува отворена, бидејќи УЕФА вели дека не добила гаранции дека гореспоменатиот план нема да биде повторно лансиран.

Инфантино свика состанок на раководството на ФИФА во Рабат во среда, по што тој и генералниот секретар Матијас Графстром издадоа извинување за предлогот.

Тие исто така рекоа дека ФИФА повеќе нема да толерира напади врз нејзиниот интегритет, добро управување и правична постапка.

Х/Polymarket Sports

Инфантино ги негира обвинувањата за афера

Новиот конфликт следеше и по извештајот во британскиот „Дејли Телеграф“, кој објави тврдења дека жена за која се вели дека била во врска со Инфантино добила пакет за отпремнина од УЕФА откако тој наводно имал афера со неа додека бил генерален секретар на управното тело на европскиот фудбал.

Портпаролот на ФИФА изјави за Телеграф дека Инфантино силно ги негира обвинувањата и дека тие се категорично лажни.

ФИФА ги критикуваше „неоснованите тврдења и очигледно лажните обвинувања“, нагласувајќи дека шпекулациите и инсинуациите не треба да се презентираат како факти.

„ФИФА го поздравува легитимниот преглед на работата. Но, прегледот не е дозвола за искривување на фактите, ширење неосновани обвинувања или создавање споредни проблеми со цел да се поткопа напредокот“, се вели во соопштението.

Поддршка од Африка и Јужна Америка

Противставувањето на Инфантино доаѓа главно од Европа, додека претседателот на ФИФА има поддршка од федерациите во другите делови од светот.

Мексиканската фудбалска федерација го поддржа Инфантино, отстапувајќи од ставот на регионалната конфедерација КОНКАКАФ.

Мексиканската федерација, исто така, ја поддржа ставот на јужноамериканската КОНМЕБОЛ дека секој обид за отстранување на претседателот на ФИФА без гласање од сите 211 федерации членки би бил неприфатлив.

Инфантино, исто така, има едногласна поддршка од 54-те национални асоцијации на Конфедерацијата на африкански фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Се тресе тронот на Сабаленка по шокантниот пораз во Торонто

Руската тенисерка Екатерина Александрова се пласираше во четвртфиналето на...

Кошаркар на Атланта Хокс се сели во Евролигата

Американскиот кошаркар Китон Волас е нов играч на Макаби...

Ник Вајлер-Баб нов кошаркар на Црвена Звезда

Германскиот интернационалец Ник Вајлер-Баб е нов кошаркар на Црвена...

Малдини: Гвардиола беше многу блиску до Италија, но Малаго ги смени правилата

Легендарниот Паоло Малдини го прекина молкот по неговото ненадејно...