Барса бесна поради сериозната повреда на Де Јонг за време на Светското

Френки де Јонг, играч од средниот ред на Барселона, претрпе руптура на медијалниот колатерален лигамент на десното колено додека играше за Холандија на Светското првенство.

Прегледи:

Датум:

Френки де Јонг претрпе повреда за време на Светското првенство, но и покрај болката, тој продолжи да игра сè додека тимот на Роналд Куман не беше елиминиран во осминафиналето од Мароко по пенали.

Де Јонг и медицинскиот тим на Барселона одлучија да го третираат конзервативно – со постојан надзор од страна на медицинскиот тим – наместо хируршки.

„Тестовите извршени врз Френки де Јонг покажаа дека тој го скинал медијалниот колатерален лигамент на десното колено. Договорено е играчот да продолжи со терапијата и да биде под постојан медицински надзор, во зависност од неговиот напредок во наредните недели“, се вели во соопштението на Барса.

Иако клубот официјално не објави кога се очекува Де Јонг да се врати на теренот, првичните медицински проценки и извештаи покажуваат дека тој ќе отсуствува најмалку четири месеци. Па така, 29-годишниот халф ќе го пропушти почетокот на новата сезона.

„АС“ тврди дека операцијата е неизбежна, бидејќи Де Јонг ќе отсуствува помеѓу пет и шест месеци. Барса е лута поради одлуките што довеле до оваа ситуација и сака да ги разјасни сите околности штом Де Јонг се врати од одмор.

Доколку навистина не е во можност да игра до зима, Барса ќе се обиде да го отстрани од списокот на лиценцирани играчи и со тоа да ослободи простор во буџетот за плати во првата половина од сезоната – за да можат да го зајакнат својот тим и да регистрираат повеќе нови играчи.

Од централните и дефанзивните играчи за врска, тренерот Ханси Флик може да смета и на Педри, Гави, Марко Бернал, додека Марк Касадо е на излезна врата.

Де Јонг е член на Барса од 2019 година, кога го напушти матичниот Ајакс. Тој е клучен играч за каталонскиот гигант со години.

Минатата сезона одигра 38 натпревари, постигна еден гол и имаше осум асистенции. Има договор со клубот од „Камп Ноу“ до 2029 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алонсо за иднината во Астон Мартин: „Имам договор, не одам никаде“

Фернандо Алонсо се врати на местото каде што започна...

🎥Привилегија е да се биде дел од Сити, кажа Андерсон по рекордниот трансфер

Манчестер Сити го објави долгоочекуваното рекордно засилување на Елиот...