Барселона казнета со 602 евра поради Хулијан Алварез

Кралската шпанска фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра откако ги истражи несоодветните контакти на каталонскиот клуб со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Мундо Депортиво“

Прегледи:

Датум:

Кралската шпанска фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра откако ги истражи несоодветните контакти на каталонскиот клуб со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Мундо Депортиво“.

На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе жалби до Шпанската федерација и ФИФА. Мадридскиот клуб ја обвини Барселона дека преговарала со играчот без претходно писмено известување. На 30 јули, Федерацијата отвори дисциплинска постапка.

По истрагата, прекршокот беше оценет како мал. Каталонците беа казнети со максималната сума предвидена во член 133 од Дисциплинскиот законик.

Во 2019 година, Барселона доби казна од 300 евра по жалбата од Атлетико Мадрид во врска со преговорите со Антоан Гризман, потсетуваат шпанските медиуми.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...