Барселона со прва понуда до Манчестер Сити за Родри

Откако вчера стана јасно дека играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, нема да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, нивниот вечен ривал, Барселона веднаш упати своја понуда до „граѓаните“

Прегледи:

Датум:

Откако вчера стана јасно дека играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, нема да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, нивниот вечен ривал, Барселона веднаш упати своја понуда до „граѓаните“. Според „Спорт“, понудата вредела 45 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во форма на бонуси.

Od „Етихад стадионот“ очекувано ја отфрлилe оваа понуда, а според изворот, Сити сака минимум 65 милиони евра за освојувачот на „Златната топка“.

На „Камп Ноу“ се мирни бидејќи веќе имаат „да“ од самиот играч, чиј договор со Сити истекува следното лето. Каталонците веруваат дека во моментов нема друг клуб што ќе даде понуда откако Шпанецот му го сврте грбот на Реал Мадрид. Според „Спорт“, Барселона поставила плафон од 50 милиони евра како фиксна сума. Уште десет милиони можат да им се додадат во форма на бонуси, но не повеќе.

Клубот веќе ги договорил личните услови со Родри, а неговиот агент признал дека светскиот шампион ја избрал Барселона.

„Од почит кон Реал Мадрид, бидејќи нивното однесување беше елегантно, Родри ги информираше за својата одлука да се приклучи на Барса“, вели Пабло Баркеро, долгогодишен претставник на Родри, опишан од шпанските медиуми како „човек во сенка“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Порзингис се пензионира на 31 година: Телото не реагираше како што очекував

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис го објави своето пензионирање од...

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...