Дај боже да излезе некој од младинските категории, вели Седлоски за ситуацијата во репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски вели дека видел добри и лоши работи од последните две пријателски натпревари на нашата репрезентација. Вели дека сите играчи добиле шанси.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски вели дека видел добри и лоши работи од последните две пријателски натпревари на нашата репрезентација. Вели дека сите играчи добиле шанси.

-Играчите се тие. Сега сум послободен, не работам во Вардар и ќе ги следам сите младински категории. Дај боже да излезе некој (од таму). Ќе го следам секој што е во добра форма за да ни помогне. Се разбира дека мора да се има квалитет. Да го оставиме ова што беше позади нас. За поразот од Турција, знаеме против кого играме. Ќе ги анализираме грешките, кажа Седлоски на денешната прес-конференција во ФФМ.

За новиот серијал од Лигата на нации, Седлоски вели дека репрезентацијата е во добра група и очекува сите што ќе бидат повикани во тимот, да го дадат максимумот.

Македонија е дел од групата Б1 во која партиципираат селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Според календарот на УЕФА, натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември, но за разлика од претходните години, првите четири кола ќе се одиграат во десетина дена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...