ФФМ го исфрли Тиквеш од Купот, Вардар оди во четвртфинале – кавадарчани ја прифаќаат одлуката

Фудбалската федерација на Македонија ја усвои жалбата на Вардар за неправилен настап на фудбалерот Окере Ебубе Висдом во осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија. Тиквеш е елиминиран од натпреварувањето, дуелот е регистриран со службени 3:0 за скопскиот клуб, а кавадарчани се казнети и со 1.000 евра.

Прегледи:

Датум:

Фудбалската федерација на Македонија ја усвои жалбата на Вардар за неправилен настап на фудбалерот Окере Ебубе Висдом во осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија. Тиквеш е елиминиран од натпреварувањето, дуелот е регистриран со службени 3:0 за скопскиот клуб, а кавадарчани се казнети и со 1.000 евра.

Јутјуб/Принтскрин/ФФМ

Одлуката доаѓа по натпреварот во кој Тиквеш славеше со 3:1 на теренот, но Вардар поднесе жалба поради документацијата на фудбалерот Висдом.

ФФМ: Одговорноста е кај администрацијата на Тиквеш

Во образложението, ФФМ наведува дека одговорноста за пропустот е кај лицата назначени од клубот за администрирање на системот КОМЕТ. Федерацијата тврди дека нивните пропусти довеле до неправилен настап на фудбалерот.

ФФМ посочува и дека на 29 октомври во системот бил внесен нов медицински документ за Висдом, а наведува и сомнежи за документацијата на друг фудбалер на Тиквеш, Андреј Велков.

И покрај сериозноста на случајот, Комисијата за натпревари одлучила да не покренува дополнителни дисциплински постапки против клубот, со цел да не влијае врз неговите резултати во Првата лига и да не ги казнува фудбалерите за административните пропусти.

Тиквеш ја прифаќа одлуката и најавува промени

Од Кавадарци вечерва соопштија дека ја прифаќаат одлуката на ФФМ и дека целосната одговорност за административниот пропуст ќе ја бараат во сопствените структури.

Клубот им се извини на навивачите и најави конкретни мерки и промени во административниот сегмент задолжен за документацијата и натпреварувачките процедури.

„ГФК Тиквеш е поголем од секој поединец. Одговорноста е обврска, а клубот мора да продолжи напред“, порачуваат од кавадарчани.

Со ова, Вардар добива место во четвртфиналето на Купот на Македонија, додека Тиквеш ќе мора да се фокусира на првенствените обврски и да ги среди административните пропусти што доведоа до елиминацијата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Се огласи Овоно по смртта на Де Мигел: Ова се најтешките денови во мојот живот

Голманот на Андора, Хесус Овоно, кој беше вмешан во...

📽️ Изненадување во ЛШ: Фенербахче го победи Ливерпул по голем пресврт

Фудбалерите на Фенербахче направија драматичен пресврт и го победија...

🎬Валверде со мајсторски потег во 92-та минута ја замолкна Атина

Реал Мадрид го победи АЕК Атина со 3-2 во...