Голем удар за Ливерпул: Алисон го пропушта ПСЖ

Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на англискиот шампион, Арне Слот

Прегледи:

Датум:

Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на англискиот шампион, Арне Слот.

Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска.

„Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените уште малку. Очекуваме повторно да биде подготвен кон крајот на сезоната“, рече Слот на прес-конференција.

Кога станува збор за Светското првенство, кое започнува на 14 јуни, Алисон ќе биде подготвен да му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

Во отсуство на повредениот Алисон, голот на Ливерпул ќе го брани Ѓорѓи Мамардашвили.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...