Големо и неочекувано засилување: Еден од најдобрите слободни агенти доаѓа во Италија?

По неколкумесечно барање, ветеранот конечно би можел да најде нов клуб

Прегледи:

Датум:

Дел од италијанскиот печат објави денеска дека искусниот австриски фудбалер, 34-годишниот Давид Алаба, ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот прволигаш Удинезе.

Официјалниот договор сè уште не е потпишан, но сè е договорено меѓу двете страни и се наведува дека потпишувањето е само формалност. На крајот од минатата сезона, дефанзивецот Алаба ја заврши својата епизода во Реал Мадрид, со што стана слободен агент. Ова значи дека нема пречка Алаба веднаш да стане нов член на екипата на Удинезе.

Минатата сезона, Алаба одигра 16 натпревари за Реал, а вкупно постигна пет гола и девет асистенции во 132 натпревари за тој тим. Својата професионална кариера ја започна во вториот тим на Австрија Виена, а пред да се приклучи на Реал во 2021 година, играше и за Баерн и Хофенхајм. Досега има одиграно 117 натпревари за австриската репрезентација, постигнувајќи 15 гола.

Удинезе моментално е на 13-то место на табелата во италијанската Серија А со една победа, реми и три порази.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Маркез и Бецеки со спротивставени ставови за нивниот судир на „Лусаил“

Марк Маркез изјави дека инцидентот меѓу него и Марко...

Македонија на жешко гостување во Халкида, Грците го означија дуелот како клучен за пласман на ЕП

Македонската ракометна репрезентација денеска ја очекува сериозен испит на...

Рибакина се повлече од завршниот ВТА турнир, телото не е подготвено за нови предизвици

Светскиот рекет број еден, Јелена Рибакина, нема да се...

📽️ Невиден хаос во Истанбул! Боксерски натпревар заврши со тепачка во рингот

Францускиот боксер Мурад Алиев го победи турскиот боксер во...