Интер испрати понуда до Ливерпул за Џонс

„Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Интер е решен да го доведе играчот од средниот ред Кертис Џонс и му испратил на Ливерпул понуда вредна 20 милиони евра

Прегледи:

Датум:

„Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Интер е решен да го доведе играчот од средниот ред Кертис Џонс и му испратил на Ливерпул понуда вредна 20 милиони евра.

Џонс е на радарот на Интер веќе долго време, а „нероазурите“ веќе безуспешно се обидоа да го доведат во јануари. Неговиот договор со „црвените“ важи до јуни 2027 година, но се чини дека тој претпочита преселба во Милано, на што навести пред неколку дена неговиот соиграч Федерико Киеза.

Првата понуда на Интер беше недоволна, бидејќи Ливерпул бара 30 милиони за 25-годишниот играч од средниот ред. „Нероазурите“ се свесни дека мора да понудат повеќе пари ако го сакаат потписот на младиот Англичанец и се подготвени да продолжат со преговорите во наредните денови со цел да го обезбедат своето прво летно засилување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Зверев неславно ја почна ерата на врвот на АТП листата, Мусети го елиминира од Мастерсот во Париз

Александар Зверев неславно ја започна својата ера на врвот...

Рафиња утре официјално ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Рафиња, официјално ќе го парафира својот...

Де Јонг се жали: Се зборува повеќе за мене отколку за другите

Френки де Јонг го искористи својот 300-ти натпревар за...

Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителни обвиненија

Сè поголем број шефови на англиски фудбалски клубови бараат...