Јувентус не го дава Јилдиз ниту за 100.000.000 евра

Англискиот шампион и европскиот вицешампион го сака Кенан Јилдиз! Менаџерот на Арсенал, Артета, им даде мандат на емисарите на „топџиите“ да го прегледаат теренот во Торино, односно да побараат информации за статусот на Јилдиз и позицијата на Јувентус

Прегледи:

Датум:

Англискиот шампион и европскиот вицешампион го сака Кенан Јилдиз! Менаџерот на Арсенал, Артета, им даде мандат на емисарите на „топџиите“ да го прегледаат теренот во Торино, односно да побараат информации за статусот на Јилдиз и позицијата на Јувентус.

Одговорот на „Старата дама“ бил дециден: Јилдиз не е на продажба, тој не би бил ниту за понуда од 100.000.000 евра на маса.

Тренерот на Јуве, Лучано Спалети, и сопственикот на клубот, Џон Елкан, сакаат да изградат нов тим околу Јилдиз и затоа тој не е на продажба.

Секако, во модерниот фудбал важи правилото дека секој е на продажба, односно секој има цена, но во случајот на Јуве и младиот Турчин, цената би морала да биде „непристојна“, сигурно многу повеќе од сто милиони евра, пишуваат медиумите во Италија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дезире Дуе блиску до нов договор со ПСЖ

Пари Сен Жермен е се поблиску до продолжување на...

Познати двојките за четвртфиналето на Карабао Купот

Ждрепка за четвртфиналето на Карабао Купот одреди Ливерпул да...

Ираола: Младите играчи помогнаа во победата, безрезервно веруваме во нивните способности

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, го коментираше драматичниот триумф...

Алонсо по елиминацијата од Ливерпул: Покажавме добро лице, што е задолжително кога си на „Енфилд“

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, даде коментар по драматичното...