Милан во проблеми: Салемакерс ќе отсуствува до крајот на годината

Милан објави дека ќе биде без 27-годишниот белгиски репрезентативец Алексис Салемакерс до крајот на годината, откако доживеа сериозна повреда на десниот глужд.

Прегледи:

Датум:

Милан објави дека ќе биде без 27-годишниот белгиски репрезентативец Алексис Салемакерс до крајот на годината, откако доживеа сериозна повреда на десниот глужд.

„Неговиот глужд ја изгуби стабилноста, а тоа е истиот зглоб на кој беше опериран во 2024 година. Сите прегледи се извршени и првите проценки се дека ќе биде отсутен барем до крајот на календарската година“, официјално објави Милан.

Според италијанските медиуми, Салемакерс ќе мора да се подложи на уште една операција поради новата повреда.

Крилниот напаѓач е член на Милан од 2020 година, со две позајмици, во Болоња и Рома.

Од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, Салемакерс сè повеќе го губи своето место во почетниот состав, а само двапати стартуваше во пет натпревари од Серија А.

Милан моментално е на петтото место на табелата во италијанската Серија А со три победи и два нерешени резултати.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Христов: Нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на...

Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска му се заблагодари...

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...