Младата ѕвезда на Баерн за откажување од училиштето: „Генерално не сум многу паметен“

Осумнаесетгодишниот германски репрезентативец Ленарт Карл отворено призна дека никогаш немало план Б за него освен фудбалот, откривајќи дека одбил да заврши училиште и дека денес го советува својот помлад брат на ист начин...

Прегледи:

Датум:

Една година откако јавно проговори за својот сон за трансфер во Реал Мадрид, младиот напаѓач на Баерн Минхен, Ленарт Карл (18) повторно изненади со својата отвореност за време на собирот со навивачите на баварскиот гигант во Јужен Тирол.

Одговарајќи на прашања од собраните во Епан, германскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека никогаш немало алтернатива за него на патот кон професионалниот фудбал.

„За мене, немаше план Б, имаше само план А. Дури и денес, не би знаел што друго да правам. Генерално не сум многу паметен“, искрено призна Карл, додавајќи дека затоа е пресреќен што неговиот сон за кариера како професионален фудбалер се остварил.

Сега му препорачува сличен пат на својот петгодишен помлад брат Винсент, кој неодамна се пресели од Ајнтрахт Франкфурт во Викторија Ашафенбург – токму истиот пат по кој што некогаш тргнал неговиот постар брат.

„Моите родители ми рекоа дека треба да завршам школо, а јас реков: „Не сакам да го правам тоа!“ Се будев секој ден со желба само да играм фудбал. Исто како мојот помлад брат сега. Му давам многу совети“, откри талентот на Баерн.

Конечно, тој нагласи колку му значи поддршката од најблиските: „За среќа, сè испадна добро со фудбалот, инаку немаше да се снајдам толку добро како сега. Имам совршени пријатели и совршено семејство кое многу ми помогна. И затоа семејството е исклучително важно – тоа е едноставно најважното нешто во животот, заедно со здравјето, се разбира.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо: Во Реал Мадрид има добри лажговци – велат дека се целосно подготвени, но всушност не се

Реал Мадрид ќе ја брка својата десетта последователна победа...

Нурмагомедов со прва јавна изјава по ослободувањето од притвор

Борецот Умар Нурмагомедов даде прва јавна изјава по ослободувањето...

Верстапен со критики за трката во Лас Вегас: Ова не е Формула 1

Макс Верстапен ја освои Големата награда на Лас Вегас...

Добри вести за Хит: Јанис не е сериозно повреден

Ерик Споелстра, тренер на НБА тимот од Мајами, ги...