Ефремовски пред Кипар: Ќе ја продолжиме победничката серија

Кошаркарската репрезентација на Македонија во четврток (18:00 часот, спортска сала „Лазар Лечиќ“) против Кипар го игра првиот натпревар на домашен терен во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија во четврток (18:00 часот, спортска сала „Лазар Лечиќ“) против Кипар го игра првиот натпревар на домашен терен во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски пред натпреварот изјави дека верува дека Македонија има квалитет да продолжи во победнички ритам, особено со поддршката од домашната публика.

„Добро стартувавме, победивме со Австрија на гостински терен и мислам дека ќе ја продолжиме оваа победничка серија. Сега тука е и Нено Димитријевиќ, имаме поголем играчки ростер. Против Австрија делувавме моќно и остваривме убедлива победа на гостински терен. Ја повикувам публиката да дојде во што е можно поголем број. Тие се нашиот шести играч и можат да ни помогнат да ја продолжиме победничката серија“, вели Ефремовски.

Ефремовски веќе има основни информации за играта на Кипар, но најавува дека стручниот штаб ќе направи детална анализа на противникот пред четврток.

„Гледав малку од нивниот настап против Австрија. Сепак, стручниот штаб ќе направи дополнителен скаутинг, заедно ќе ја погледнеме видеоанализата и мислам дека ќе успееме да извојуваме победа и на овој натпревар“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо: Во Реал Мадрид има добри лажговци – велат дека се целосно подготвени, но всушност не се

Реал Мадрид ќе ја брка својата десетта последователна победа...

Нурмагомедов со прва јавна изјава по ослободувањето од притвор

Борецот Умар Нурмагомедов даде прва јавна изјава по ослободувањето...

Верстапен со критики за трката во Лас Вегас: Ова не е Формула 1

Макс Верстапен ја освои Големата награда на Лас Вегас...

Добри вести за Хит: Јанис не е сериозно повреден

Ерик Споелстра, тренер на НБА тимот од Мајами, ги...