Шпанскиот и светскиот спорт беа шокирани од веста за смртта на 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, Хесус де Мигел. Тој почина во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ како резултат на сериозен судир со противнички голман за време на натпревар.
Трагедијата се случи за време на натпреварот од 12-то коло од втората шпанска лига помеѓу Тенерифе и Андора. Натпреварот беше прекинат во судиското продолжение откако голманот на гостите, Хесус Овоно, скокна со кренато колено додека трчаше и го удри Де Мигел во градите.
Напаѓачот доживеа срцев удар на теренот, а подоцна почина во болница од тешки невролошки повреди.
😱 Así fue el golpe de Owono sobre Jesús de Miguel que dejó fulminado en el suelo al jugador del Tenerife
#LALIGAHYPERMOTION https://t.co/6xWHg7OwRF
— Diario AS (@diarioas) November 2, 2026
Додека клубови како Реал Мадрид, Барселона и Атлетико испраќаат сочувство, на социјалните мрежи следеа бројни реакции од навивачите. Јавноста, исто така, го покрена прашањето дали во овој случај постои кривична одговорност.
Голманот на Андора, Хесус Овоно, се соочи со остри критики. Многумина го опишуваат неговиот потег како непотребно брутален и опасен, а на социјалните мрежи се појавија повици тој трајно да биде суспендиран од фудбалот.
„Ова нема никаква врска со фудбалот. Овоно отиде да го уништи играчот, а не да ја земе топката“, е еден од коментарите на платформата X.
Иако судирите меѓу играчите се дел од фудбалот, шпанските правни експерти истакнуваат дека овој случај би можел да има правен епилог. Доколку канцеларијата на државниот обвинител утврди дека Овоно дејствувал со груба небрежност и свесно презел ризик што ги надминал правилата на играта, тој би можел да биде гонет за убиство од небрежност или предизвикување сериозни телесни повреди што резултирале со смрт.
Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) и полицијата започнаа истрага. Се анализираат официјални записи и видео снимки за да се утврди интензитетот и намерата на нападот. Некои во јавноста забележуваат дека Овоно сигурно немал намера да го убие својот колега и дека поминува низ тешка психолошка траума, но преовладува мислењето дека неговата одговорност мора да се утврди.
Судбината на Хесус Овоно сега ќе ја одлучи шпанското судство.


