Нови проблеми во соблекувалната на Реал Мадрид пред „Ел Класико“

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, имал конфликт со соиграч, објави „Атлетик“ денеска. Во април, Германецот се скарал со друг играч од првиот тим на „белите“ во соблекувалната на тренинг-центарот на 15-кратниот клупски шампион на Европа.

Прегледи:

Датум:

Самиот Рудигер го иницирал конфликтот, објасни „Атлетик“. Германецот потоа се извинил за своето однесување.

Минатиот петок, ги поканил своите соиграчи и нивните семејства на вечера. „Белите“, предводени од привремениот тренер Алваро Арбелоа, се 11 бода зад лидерот на табелата Барселона и ќе ја завршат сезоната без трофеј.

Во недела, двата тима ќе излезат во Ел Класико во 21:00 часот по наше време, а доколку Каталонците победат, ќе се поздрават со титулата во Ла Лига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...