Ова е најтешкиот можен натпревар на гостински терен, но ние сме подготвени, вели Компани пред дуелот на „Бернабеу“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, денес тренираше со своите соиграчи и се очекува да биде достапен за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а тренерот на германскиот гигант, Винсент Компани, рече дека ќе почека до утре (денес) за да одлучи дали да го користи.

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, денес тренираше со своите соиграчи и се очекува да биде достапен за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а тренерот на германскиот гигант, Винсент Компани, рече дека ќе почека до утре (денес) за да одлучи дали да го користи.

„Важно беше што денес тренираше многу“, рече Компани. „Не мислам дека го изгубил ритамот. Ќе почекаме до утре (денес), а потоа ќе одлучиме… Имаме одличен тим и сме подготвени за двата натпревари против Реал“, додаде тренерот на Баерн.

„Се подготвивме за Реал и видовме што направија против Манчестер Сити. Ова веројатно ќе биде нашиот најтежок натпревар на гостински терен, но сакаме да победиме“, рече Винсент Компани.

„Сè ќе биде важно. Ова ќе биде мојот прв натпревар како тренер на „Сантијаго Бернабеу“, но нашиот тим има многу искуство во вакви натпревари. Конечниот исход ќе биде одлучен делумно од тактиката, но најмногу од малите детали, вклучувајќи ја и индивидуалната класа на играчите“, рече поранешниот белгиски репрезентативец.

„Важно е да се размислува за тоа како да се постигне добар резултат, а не дали играчот ќе добие картон и ќе го пропушти реваншот. Овие работи се случуваат кога играте со високо темпо и против силен противник“, објасни Компани.

„Луис Дијаз му дава многу на тимот. Тој дрибла, создава шанси и ги завршува нападите. Но, она што го прави посебен е неговиот менталитет. Луис знае како да го игнорира хаосот и да го извлече максимумот од најтешките ситуации. Можете само да му честитате на клубот што го потпиша“, додаде тренерот на Баерн.

Тој одби да одговори на прашањето од шпански новинар дали Реал Мадрид е посилен кога Мбапе и Винисиус не играат заедно, велејќи дека го интересира само тактиката на својот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...