ПМФЛ: Тиквеш убедлив против Башкими

Екипата на Тиквеш запиша уште една убедлива победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ)

Прегледи:

Датум:

Екипата на Тиквеш запиша уште една убедлива победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадарчани како гости го совладаа Башкими со убедливи 5-0, во натпревар во кој од самиот почеток до самиот крај ја имаа целосната контрола на теренот.

Домаќините се држеа повеќе од половина час, но отпорот беше скршен во 36. минута, кога Виздом постигна гол за водство на Тиквеш. Само шест минути подоцна, Лавал зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

Доминацијата на гостите продолжи и во второто полувреме. Во 72. Минута, Лавал го постигна својот втор гол на мечот за предност од 3-0.

Една минута подоцна, по поништениот погодок на Ренатињо поради офсајд во зачетокот на акцијата, веќе во следниот напад Попзлатанов погоди за 4-0.

И во 88. Минута, крајните 5-0 ги постави Ацковски со фантастичен удар од околу 17 метри.

По овој пораз, Башкими останува на последното место на табелата со 11 примени и ниту еден постигнат гол. Од друга страна, Тиквеш ја потврди одличната форма со 10 дадени и само еден примен гол.

Во следното коло, Тиквеш на домашен терен во Кавадарци ја пречекува Шкендија, додека Башкими му гостува на Арсими во Гостивар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ленард потпиша за Торонто – објавени се детали

Американскиот кошаркар Каваи Ленард потпиша двегодишен договор со Торонто...

Шпанските судии со повик до тренерите: „Покажете почит“

Шпанските судии повикуваат на прекин на нападите врз нив...

Мбапе го пропушти тренингот на Франција поради болест

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, го пропушти тренингот на...

Ројевиќ: Турскиот ракомет оди напред, но ние не бегаме од улогата на фаворити

Актуелниот шампион во Европскиот ЕХФ Куп, ГРК Охрид ќе...