Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две позиции и веќе е на 71. место на ранглистата на Светската фудбалска централа (ФИФА).
Тимот предводен од Гоце Седлоски е во серија од осум натпревари без победа и постигнат гол и тука може да се бара причината за лошиот пласман.
Од балканските земји, полошо рангирани се Бугарија (90. место), Црна Гора (79. место) и Косово (76.место).
На врвот на листата останува Шпанија пред Аргентина, Франција, Англија и Португалија.


