Елмас останува највреден македонски фудбалер

Реномираниот специјализиран портал за евалуација на вредностите на фудбалерите, Transfermarkt, денес објави ново ажурирање на својата листа

Прегледи:

Датум:

Реномираниот специјализиран портал за евалуација на вредностите на фудбалерите, Transfermarkt, денес објави ново ажурирање на својата листа. Според неа, репрезентативецот и фудбалер на Аталанта, Ељиф Елмас е највредниот македонски фудбалер со 13.000.000 евра.

Веднаш зад него се Елмин Растодер (ПАО) со 3,5 млн. евра, Бојан Миовски (Ренџерс) со 2,5 млн. евра, Столе Димитриевски (Валенсија) со 2 млн. евра и Енис Барди (Коњаспор) со 1,5 млн. евра.

Целата вредност на репрезентацијата е 35.58 милиони евра.

За споредба, Франсуската репрезентација е бр.1 по овој показател, а „петлите“ имаат вредност од 1.46 милијарди евра.

Денеска беше објавена и најновата ранглиста на ФИФА, на која Македонија доживеа пад од 2 места и сега е на 71.место. Ова доаѓа по 4 врзани порази во Лигата на нациите без постигнат гол.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Попов без влакна на јазикот: Не жалам што го плукнав Кајл Вокер, ме навредуваше мене и Македонија!

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов во интервју за хрватски...

Кан огорчен од ситуацијата со Мусијала: „Апсурдно е да се притиска да се откаже од дел од платата“

Поранешниот претседател на УО на Баерн, Оливер Кан, ги...

Организаторите потврдија: Синер нема да игра на Австралија Опен

Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен во...

Флик сруши рекорд на Гвардиола

Tренерот на Барселона, Ханси Флик, постави нов рекорд во...