Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Ѓорѓиоски

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), е приведен во акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, потврдиле од Обвинителството.

Прегледи:

Датум:

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), е приведен во акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, потврдиле од Обвинителството.

Претреси се вршат на повеќе локации.

Aпсењето следува по поднесена кривична пријава која Управата за финансиска полиција ја поднесе уште во 2020 година. Имено тогаш од УФП соопштија дека поднеле кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во ФФМ, меѓу кои е и за поранешниот претседател на македонската куќа на фудбалот.

За краток период и втор поранешен предводник на македонскиот фудбал е притворен поради сериозни обвинувања за финансиски криминал. Пред помалку од два месеци притворен беше Муамед Сејдини, обвинет за проневера на 700.000 евра, донација од УЕФА за изградба на трибина на стадионот во Охрид.

Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Претседателот на Комо најавува напад на врвот: Сакаме да бидеме како Барселона

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот сака...

Де Јонг се враќа во Холандија, Чави го објави составот за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Чави Ернандез, го...

Тухел објасни зошто го повикал помладиот Белингам

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука...

Де ла Фуенте го објави составот: Три нови лица за клучните натпревари од Лигата на нациите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте...