Раниери ја смени својата позиција и подготвен е да ѝ помогне на Италија

Откако неодамна беше ослободен од функцијата виш советник на сопствениците на Рома, Клаудио Раниери изрази подготвеност да ѝ помогне на италијанската репрезентација доколку таму биде побаран.

Прегледи:

Датум:

Откако неодамна беше ослободен од функцијата виш советник на сопствениците на Рома, Клаудио Раниери изрази подготвеност да ѝ помогне на италијанската репрезентација доколку таму биде побаран.

Тој пред една година ја одби понудата да стане селектор токму поради неговата посветеност на „волците“. Сега, сепак, легендарниот стручњак увери дека ќе одговори доколку „азурите“ го побараат тоа.

„Порано велев „не“ затоа што бев зафатен со Рома и не можев да работам на две места. Но, сега сум слободен, па зошто да не? Никогаш не кажувајте „никогаш“. Дали би бил директор или тренер? Ако ве побараат, мора да кажете „да“ и тоа е тоа. Мораме повторно да се вратиме на нозе и не треба да отсуствуваме од големите првенства“, изјави Раниери за „Скај Спорт Италија“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Трамп имал план за Инфантино: „Џани знае како да управува со тој систем“

Доналд Трамп сака да го премести Џани Инфантино од...

ФИФА прави планови: Едно Светско ќе се игра во текот на две години?

Светското првенство во Саудиска Арабија може да влезе во...

Трансферот е факт: Челси потпиша со Морган Роџерс за рекордна сума

Челси официјално го потврди потпишувањето со крилниот напаѓач Морган...

Рафа Леао го избриша Милан од својот профил, спремен е да замине во Турција

Милан се обидува да најде купувач за Рафаел Леао...