Румениге го советува Баерн да го следи моделот на ПСЖ

Двократниот победник на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, би можел да биде пример за Баерн Минхен, вели легендата на германскиот фудбал и поранешен извршен директор и претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге

Прегледи:

Датум:

Двократниот победник на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, би можел да биде пример за Баерн Минхен, вели легендата на германскиот фудбал и поранешен извршен директор и претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

„Лекцијата за Баерн е дека не мора да го направите најскапиот трансфер, туку мора да го направите најпаметниот“, изјави Румениге за весникот Municher Merkur/TC.

И по повод синоќешното финале на Лигата на шампионите, Румениге рече дека ПСЖ постигнал вистински успех „кога се трансформирал од скапа група ѕвезди во вистински тим“. Всушност, Парижаните не успеале да го освојат најважниот клупски турнир кога имале ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Првиот успех минатата година дојде откако сите го напуштија тимот, а во саботата ПСЖ го победи Арсенал на пенали и ја задржа титулата.

Румениге посочи на овие факти, велејќи дека „примерот на ПСЖ покажува дека не мора секогаш да бараме инспирација од Англија и Шпанија“ и дека Баерн мора да продолжи да го следи тој пример.

„Имаме исклучителен тренер, јасна спортска визија и мора да продолжиме по овој пат со тренерот Винсент Компани“, рече тој.

Баерн загуби во полуфиналето од ПСЖ, завршувајќи со 1-1 во Минхен, откако го загуби првиот натпревар со 5-4 во трилер во Париз, кој Румениге го опиша како најдобриот натпревар во целата сезона на Лигата на шампионите.

„Тоа беше фудбал во најдобро издание“, рече тој. „Тој натпревар покажа за што е способен нашиот тим и ние мора постојано да градиме врз тоа со нашиот тренер. Би било глупаво да се отклониме од таа насока, од тие вредности.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...