Цело раководство на ФК Пелистер ќе поднесе оставка поради испаѓањето од ПМФЛ

Прегледи:

Датум:

ФК Пелистер соопшти дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.

„Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати.

Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.

Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер“, стои во соопштението.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...