Симеоне: Се справуваме многу подобро на гостинските натпревари

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше задоволен од победата од 3-0 над Хетафе во натпревар од 13-тото коло на Ла Лига, но призна дека успехот не дојде лесно.

Прегледи:

Датум:

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше задоволен од победата од 3-0 над Хетафе во натпревар од 13-тото коло на Ла Лига, но призна дека успехот не дојде лесно.

„Беше важно да покажеме солидна и комплетна игра, бидејќи знаевме каде демнат опасностите. Ни требаше долго време конечно да го решиме исходот од натпреварот, иако создадовме шанси. Во второто полувреме, водството од 2-0 беше лажно и изгледаше кревко, но на крајот успеавме да го затвориме овој важен натпревар со победа“, коментираше тренерот на „јорганџиите“.

Аргентинскиот стручњак го анализираше и фактот дека неговиот тим веќе има шест победи на гостински терен од почетокот на сезоната во првенството.

„Се справуваме многу подобро на гостинските натпревари. Головите што ги постигнавме ни даваат спокојство што ни е потребно за да продолжиме да ја развиваме нашата игра. Исто така, одигравме многу силни 50 минути против Барселона во поразот од 1-2. Денес (вчера) не ни беше лесно, со оглед на тоа што е тешко за сите водечки клубови во Европа да се вратат во оптимален ритам по паузата. Пред нашите навивачи уживаме поголема поддршка, но и тука ја постигнавме нашата цел“, рече Симеоне.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Флик донесе изненадувачка одлука: Јамал ​​останува во Барселона, го пропушта гостувањето во Азербејџан

Ханси Флик донесе изненадувачка одлука во врска со Ламин...

Фернандеш бесен на судиите по дебаклот на „Енфилд“

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, му се придружи...

Шмајхел за Манчестер Јунајтед: Изгледаат како тим што може да испадне од лигата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, упати остро предупредување...

„Баналните голови што ги примивме се ментален проблем“, рече Елмас по дуелот со Интер

Елиф Елмас беше еден од стрелците во драматичното реми...