Трипиер официјално потпиша со Вулверхемптон

Поранешниот англиски репрезентативец Киран Трипиер ќе ја продолжи својата кариера во тимот на Вулверхемптон, кој испадна од Премиер лигата минатата сезона. 35-годишниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со својот нов клуб

Прегледи:

Датум:

Поранешниот англиски репрезентативец Киран Трипиер ќе ја продолжи својата кариера во тимот на Вулверхемптон, кој испадна од Премиер лигата минатата сезона. 35-годишниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со својот нов клуб.

Трипиер станува првото летно засилување за „волците“, приклучувајќи се како слободен агент. Тој го напушти Њукасл, каде што играше од сезоната 2021/22.

Во текот на изминатата сезона во елитата на англискиот фудбал, искусниот дефанзивец учествуваше во 21 натпревар, на кои запиша една асистенција.

Во својата кариера, Трипиер ги бранеше и боите на Барнсли, Барнли, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА ѕвезда: Мојата работа не е да менувам пелени, мојата девојка го прави тоа

Ламело Бол (25), американски кошаркар и ѕвезда на Минесота...

FNC 34: Кој и за што се бори?

Љубителите на борбите ќе имаат можност да уживаат во...

Ристовски: Голем е интересот за FNC 34, сигурен сум дека борбите ќе бидат многу добри и интересни

Министерот за спорт во Владата на Македонија, Борко Ристовски,...

Резултати од RAF 14: Царукјан и Чимаев со убедливи победи

Арман Царукјан и Хамзат Чимаев постигнаа јасни победи на...