Љубителите на борбите ќе имаат можност да уживаат во нов спектакл на FNC оваа сабота, бидејќи во Скопје ќе се одржи FNC 34!
Настанот ќе ги собере некои од добро познатите имиња на регионалната ММА сцена, вкупно 11 натпревари, а ќе видиме и судир за титулата шампион во лесна категорија, а подолу можете да ги прочитате сите најважни информации за овој настан.
Кој се бори?
Главен дел
Лом-Али Ескијев – Марко Бојковиќ (за титула во лесна категорија)
Тоше Цветков – Миљан Ровчанин (ултимејт бокс, 101 кг)
Ален Амедовски – Тато Примера
Канбулат Ирисбијев Хонда – Антонио Будимир
Немања „Коба“ Николиќ – Живко Стоименов
Анастасиос Чацигеогријадис – Џорџ Балаур
Никола Ѓурѓев – Дино Старчевиќ
Бондо Кикаџе – Елајас Ербер
Воведен дел
Марко Трајановски – Лука Лаиновиќ
Мартин Хорш – Никита Зелински
Данијела Алексовска – Мина Чацопулу (според аматерски правила).


