Сан Антонио го замолкна Медисон Сквер Гарден во третиот натпревар од финалето

Њујорк Никс не можеа да се доближат на победа од својата прва НБА титула од 1973 година. Во преполниот Медисон Сквер Гарден и пред американскиот претседател Доналд Трамп, тимот на Мајк Браун загуби од Сан Антонио Спарс со 111-115 во третиот натпревар од финалето

Прегледи:

Датум:

Њујорк Никс не можеа да се доближат на победа од својата прва НБА титула од 1973 година. Во преполниот Медисон Сквер Гарден и пред американскиот претседател Доналд Трамп, тимот на Мајк Браун загуби од Сан Антонио Спарс со 111-115 во третиот натпревар од финалето.

Спарс беа мотивирани откако ги загубија двата домашни натпревари, но синоќа покажаа дека немаат намера да се откажат. Гостите одиграа одлично второ полувреме, а Виктор Вембањама беше над сите со 32 поени. Француската ѕвезда на Сан Антонио додаде 8 скока и 6 асистенции. Стефон Касл се истакна со 23 поени, а Де’Арон Фокс постигна 12 и даде 8 асистенции.

Џејлен Брансон повторно беше лидер на Њујорк со 32 поени, 5 скока и 5 асистенции, а ОЈ Ануноби постигна 28 поени, но домаќините ја прекинаа нивната серија од 13 последователни победи во плејофот.

Брансон имаше проблеми со шутирањето на почетокот, а Сан Антонио влезе подобро во натпреварот и водеше со 11 поени по првата четвртина (33:22). До паузата, Њујорк целосно ја избриша својата негатива. Домаќините постигнаа дури 42 поени во вториот период, а Брансон и Ануноби добија солидна помош од Џош Харт.

Минута и 53 секунди пред последната сирена, тројката на Васел го направи резултатот 111:104 во корист на Сан Антонио. Брансон ги врати надежите на Њујорк за нов пресврт, но кош на Фокс реши сè во корист на „Спарс“. Следеше промашување на Ануноби, пред Касл да постигне две слободни фрлања за да ја запечати победата на гостите.

Четвртиот натпревар од финалната серија повторно е во Њујорк.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ристовски: Голем е интересот за FNC 34, сигурен сум дека борбите ќе бидат многу добри и интересни

Министерот за спорт во Владата на Македонија, Борко Ристовски,...

Резултати од RAF 14: Царукјан и Чимаев со убедливи победи

Арман Царукјан и Хамзат Чимаев постигнаа јасни победи на...

Медведев му оддаде почит на Вавринка

По убедливата победа над Теренс Атман на Отвореното првенство...

Вила се откажува од Гарначо !?

Астон Вила размислува да се откаже од трајниот трансфер...