Џеко по поразот од 4:1: Заслуживме повеќе од овој натпревар

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, тешко го доживеа поразот од 1:4 од Швајцарија на Светското првенство. Тој смета дека овој пораз е претежок, со оглед на тоа што покажаа двата тима.

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, тешко го доживеа поразот од 1:4 од Швајцарија на Светското првенство. Тој смета дека овој пораз е претежок, со оглед на тоа што покажаа двата тима.

„Поразот е претежок, заслуживме повеќе од овој натпревар. Резултатот е секако претежок. За жал, не можевме да издржиме во последните 20 минути. Сите голови што ги примивме, ги примивме наивно. Ова е натпреварување во кое не можеш да доцниш за ниту една топка. На 0:1 добивме и црвен картон, требаше повеќе да се затвориме во себе и да размислуваме како да не примиме повеќе голови, а во нападот се обидовме да искористиме една или две ситуации.

Катар не е она што сите го очекуваат, бидејќи сите денес играат фудбал. Сигурно нема да биде лесен натпревар, сакаме да се одмориме и добро да се подготвиме. Ќе биде тежок натпревар.Ќе мора да го преболиме денешниот пораз. Лошото е што на крајот гол-разликата може да биде важна“, заклучи ветеранот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Арсенал и „Емирати“ го продолжуваат партнерството со нов долгорочен договор

Англискиот фудбалски клуб Арсенал официјално објави дека го продолжиле...

Брукс ќе потпише договор вреден 73 милиони долари со Феникс Санс

Плејмејкерот на Феникс Санс, Дилон Брукс, се согласи на...

Бецеки доби зелено светло да се натпреварува на ГН на Велика Британија

Неодамнешниот лидер во генералниот пласман на МотоГП, Марко Беџецки,...

Стојановски по победата над Кипар: Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го...