Ал-Наср оствари важна победа од 2-1 над катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло од главната фаза на Азиската Лига на шампиони.
Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс ги постигнаа головите за саудискиот тим, а првиот веќе е на само 13 гола од историската пресвртница од 1.000 во неговата професионална кариера.
Со својот гол, Кристијано Роналдо забележа уште едно историско достигнување. Португалецот сега има 17 гола на азиските клупски турнири со тимот на Ал-Наср, што го однесе пред мароканскиот Абдеразак Хамдалах и самостојно ги предводи стрелците на клубот во континенталните натпреварувања.
🔥 1000 gole doğru adım adım!
⚽️ Cristiano Ronaldo, 13. Dakikada penaltıdan kaydettiği gol ile Al Nassr’ı Al Sadd karşısında 1-0 öne geçiriyor! https://t.co/JjVujmjw2T
— D-Smart Spor (@SporSmart_) November 24, 2026
По успехот, пулените на Анже Постекоглу имаат 9 бода и го заземаат 5-то место на табелата во Западната зона, а имаат и натпревар помалку. Ал-Сад останува со 2 бода и сè уште немаат освоено натпревар на турнирот оваа сезона.
Следниот натпревар на Ал-Наср е гостување кај Ал-Хазем во рамките на првенството на Саудиска Арабија, каде што тимот од Ријад е трет на табелата.


