📽️Асистенцијата и гол на Меси го искачија Интер Мајами на второто место на еден натпревар до крајот на регуларната сезона во МЛС

Тимот на Интер Мајами дојде до победа од 2-1 над Њу Ингланд Револушн во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата во САД и Канада

Прегледи:

Датум:

Тимот на Интер Мајами дојде до победа од 2-1 над Њу Ингланд Револушн во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата во САД и Канада.

Со победата, „чапјите“ се вратија на победнички патеки откако ремизираа 2-2 со Синсинати во претходниот натпревар.

Исто така, на едно коло до крајот, победниците се искачија на второто место во Источната конференција, од кое го истиснаа својот сегашен ривал.

Со победата, пак, Интер Мајами се квалификуваше за Купот на шампионите на КОНКАКАФ во 2027 година.

Ова беше претпоследен натпревар за Меси, Суарез и компанија пред крајот на регуларната сезона. Нивниот последен судир е на 7 ноември (сабота) во 22:00 часот по наше време против Шарлот, при што „чапјите“ влегуваат во него со бод предност пред Њу Ингланд Револушн.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели по освојувањето на титулата: Немам зборови, не би бил тука без моето семејство

Андреа Кими Антонели стана најмладиот шампион во историјата на...

Хамилтон: Дефинитивно треба да имаме некои сериозни разговори во тимот

Луис Хамилтон воопшто не беше задоволен од начинот на...

Антонели е новиот светски шампион во Формула 1

Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула...

Усик: Расчистив со тешката категорија, се враќам во мојата

Поранешниот светски шампион во бокс, Олександр Усик, објасни зошто...