🎥 Проблем за Валенсија: Брекстон Ки хоспитализиран

Валенсија загуби од Басконија во АЦБ лигата, но многу поголем проблем од поразот за тренерот Педер Мартинез е повредата на Брекстон Ки.

Прегледи:

Датум:

Валенсија загуби од Басконија во АЦБ лигата, но многу поголем проблем од поразот за тренерот Педер Мартинез е повредата на Брекстон Ки.

Џеси Едвардс го удри Ки во лицето додека се обидуваше да забие на почетокот на второто полувреме, а кошаркарот на Валенсија не се врати на теренот.

„Ки беше однесен во болница и не знам ништо за неговата состојба. Дури и не знам кој го возеше“, рече Мартинез синоќа.

Валенсија игра голем натпревар против Панатинаикос во среда во 21 часот за место во Ф4 на Евролигата и чека да ја види состојбата на Ки. Бранко Бадио го пропушти натпреварот со Басконија, Монтеро играше само девет минути за да може да биде што е можно поодморен за големиот дуел со грчкиот гигант.

Треба да се напомене дека во „лудата серија“, Панатинаикос прво победи двапати во Шпанија, само за Валенсија да одговори со две победи во ОАКА Арената.

Фенербахче, Олимпијакос и Реал Мадрид веќе се квалификуваа за фајналфорот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо се дистанцира од „видеото“ на Реал Мадрид

Португалското издание „Рекорд“ објави дека Жозе Мурињо контактирал со...

📸Може ли Пеле да го надмине Марадона? Дресот на легендарниот Бразилец оди на аукција

Дресот што го носел еден од најголемите фудбалери во...