📽️Вембањама се соочува со суспензија во финалето на НБА

Виктор Вембањама е во огромни проблеми и е во опасност да пропушти еден од следните натпревари од големото финале поради акумулирани дисциплински поени!

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот свет беше сведок на уште еден трилер во финалето на НБА во 2026 година, но централната тема по драматичната победа на Њујорк Никс над Сан Антонио Спарс (107:106) не е само резултатот, туку и судбината на првата ѕвезда на тимот од Тексас. Виктор Вембањама е во огромни проблеми и е во опасност да пропушти еден од следните натпревари од големото финале поради акумулирани дисциплински поени!

На француската суперѕвезда и беше досуден намерен фаул во текот на третата четвртина од четвртиот натпревар по еден исклучително контроверзен детаљ. Вемби, во дефанзивна акција, диво замавна со десната рака и го удри со лакт центарот на Никс, Карл-Ентони Таунс, во брадата.

Одлуката на судиите да го променат овој контакт во намерен фаул по видео прегледот има тектонски последици за продолжението на серијата. Вембањама сега има вкупно три казнени поени за намерни фаулови (Flagrant points) во плејофот оваа година. Според строгите правила на НБА, следното такво прекршување ќе резултира со автоматска суспензија од еден натпревар и суспензија од финалето!

Инцидентот се случи на 9:27 минути до крајот на третата четвртина. Таунс бe[e соборен од ударот, и остана да лежи на подот на „Медисон Сквер Гарден“, а судиите немаa дилема откако го гледале видеото. По натпреварот, новинарите го прашаa младиот Французин дали заканата со суспензија ќе го промени неговиот пристап кон играта во остатокот од финалната серија.

„Секако, ќе морам да бидам малку повнимателен, но тоа навистина нема да го промени мојот начин на игра“, рече ладнокрвно Вембањама.

За потсетување, Вембањама веќе беше на работ на неспортски фаул за време на оваа серија кога го турна Џејлен Брансон во претходниот натпревар. Иако беше цел на критики, НБА, или поточно судиите, не досудија неспортски фаул во тој натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели пред трката во Мексико: Малку сум понервозен од вообичаено

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, има шанса да...

Киву ги критикува своите играчи: Се чувствуваат задоволни затоа што освоиле многу трофеи

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги нападна своите играчи...

Окон негира дека се степал со шефот на тимот

Возачот на Хаас, Естебан Окон, ги отфрли медиумските извештаи...

Алкараз рутински го победи Де Минор и го освои трофејот во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои турнирот од серијата...