Берокал ќе прави големи промени за мечевите со Ирска и Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин.

Прегледи:

Датум:

Македонската кошаркарска репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин.

За разлика од мечот одигран на 30. ноември во Даблин, каде Македонија славеше убедлива победа со 88:76, во актуелниот состав се очекуваат дури шест промени. Од тимот кој го предводеше неговиот претходник, во ростерот на Жозеп Мариа Берокал остануваат само половина од играчите кои беа дел од тој триумф.

Во моментов, селекторот може да смета на капитенот Војдан Стојановски, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Валмир Какруки, Виктор Ташовски и Лука Стојановски.

Од составот кој ја донесе победата во Арената во Даблин, овојпат ги нема Андреј Магдевски, Андреј Митревски, Адем Мекиќ, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли и Лејсон Зеќири.

Тоа остава шест слободни позиции за конечниот избор на 12 кошаркари кои ќе бидат во комбинација за претстојните дуели.

Меѓу кандидатите за место во финалниот ростер се и Виктор Ефремовски, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, Марко Луканоски и Павел Иванов, како и натурализираните кошаркари Ди-Џеј Стјуард и Нејт Сестина, кои го одработија денешниот тренинг во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Дел од нив веќе добија минутажа во подготвителниот период, а настапија и на последната контролна средба против Бугарија, во која Македонија стигна до победа од 91:87.

„И во овој претквалификациски циклус повторно се потврдува проблемот со комплетирањето на ростерот, што влијае врз реализацијата на планираните активности и подготовката на тимот за најважните натпревари во борбата за пласман во главната квалификациска фаза за Евробаскет 2029“, соопштија од Кошаркарската федерација на Македонија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...

Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето...