Бостон го дадe Браун на својот најголем ривал во дивизијата и тоа со попуст!

Американските кошаркарски новинари објавија дека се случила голема размена помеѓу Бостон и Филаделфија, според која еден од најдобрите играчи во НБА, Џејлен Браун, станал нов играч на Филаделфија 76 ерс

Прегледи:

Датум:

Американските кошаркарски новинари објавија дека се случила голема размена помеѓу Бостон и Филаделфија, според која еден од најдобрите играчи во НБА, Џејлен Браун, станал нов играч на Филаделфија 76 ерс.

Со недели се зборуваше за заминувањето на 29-годишниот Браун од Бостон, но тој никогаш не беше поврзан со Филаделфија. Бостон го доби искусниот 36-годишен Пол Џорџ за одличниот Браун, заедно со два идни пика од првата рунда и два пика од втората рунда на драфтот.

Бостон го зеде Браун како трет пик на драфтот во 2016 година, а тој беше најкорисен играч во Финалето 2024 година кога Бостон го освои НБА шампионатот против Далас.

Минатата сезона, Браун беше еден од најдобрите играчи во лигата и, во отсуство на повредениот Џејсон Тејтум, го одржа Бостон на врвот на Источната конференција. Браун минатата сезона постигнуваше 28,7 поени по натпревар со 6,9 скока и 5,1 асистенции.

За време на неговата кариера, Браун двапати беше избран во втората најдобра петорка во НБА и пет пати беше избран во Ол-стар тимот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Лукаку: Минатата година беше најлошата во мојата кариера, Наполи ме бојкотираше

Поранешниот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, кој потпиша за...

Огромен пад: Ливерпул го плати 75 милиони пред четири години, а сега…

Дарвин Нуњез се соочува со уште една промена на...

Манчестер Јунајтед испратил понуда вредна околу 65 милиони фунти за Балеба

Манчестер Јунајтед е блиску до договор со Брајтон за...

Арсенал пред потпис со еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата

Арсенал е се поблиску до доведување на Езри Конса...