Ленард потпиша за Торонто – објавени се детали

Американскиот кошаркар Каваи Ленард потпиша двегодишен договор со Торонто Репторс. Договорот е вреден 115 милиони долари, плус опција за сезоната 2028/29, објави ESPN

Прегледи:

Датум:

Американскиот кошаркар Каваи Ленард потпиша двегодишен договор со Торонто Репторс. Договорот е вреден 115 милиони долари, плус опција за сезоната 2028/29, објави ESPN.

Транзацијата помеѓу Торонто и Лос Анџелес Клиперс беше официјално завршена минатата недела, повеќе од два месеци откако двете страни првично постигнаа договор на 30 јуни.

Ленард така се врати во клубот со кој го постигна најголемиот успех во својата кариера кога ги предводеше Репторс до нивната прва и единствена титула во НБА во 2019 година, а воедно ја освои и наградата за најкорисен играч на финалето.

Торонто мораше да се откаже од Брендон Инграм, Грејди Дик, два незаштитени пика од првата рунда во 2031 и 2033 година, замена за пик од првата рунда во 2027 година, како и пикови од втората рунда во 2030 и 2033 година.

Триесет и пет-годишниот кошаркар ги постигна најдобрите бројки во својата кариера минатата сезона со Клиперс, со просек од 27,9 поени, 6,4 скока и 3,6 асистенции во 65 натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...

Почна трката за најкорисен играч во НБА – без изненадувања во Топ 3!

НБА го објави првиот дел од трката за најкорисен...