Од шампион со МЗТ до спасител на Скопје: Петровиќ доби нова задача во Аеродром

Кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ се враќа во скопски Аеродром, но овојпат нема да го предводи МЗТ, туку градскиот ривал КК Скопје. Актуелниот вицешампион се одлучи за промена на тренерската позиција по незадоволителниот почеток на сезоната и разделбата со досегашниот стратег Мирко Петрески.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ се враќа во скопски Аеродром, но овојпат нема да го предводи МЗТ, туку градскиот ривал КК Скопје. Актуелниот вицешампион се одлучи за промена на тренерската позиција по незадоволителниот почеток на сезоната и разделбата со досегашниот стратег Мирко Петрески.

Петровиќ ќе има задача да го разбуди тимот кој сериозно потфрли во досегашниот тек од првенството. Скопје по шест одиграни кола има само една победа и се наоѓа на последната позиција на табелата, што е далеку од очекувањата за екипа која минатата сезона стигна до финалето во домашното првенство.

Станува збор за добро познато тренерско име во македонската кошарка, кое зад себе има искуство од работењето во повеќе домашни клубови. Петровиќ во кариерата ги предводеше МЗТ Скопје, Пелистер, Академија ФМП, Куманово, Карпош Соколи и Гостивар, а најголемиот успех го оствари со освојувањето на шампионската титула со аеродромци.

Неговиот последен ангажман беше во Гостивар, каде што работеше до февруари годинава. Сега добива нов предизвик, и тоа во клуб кој има потреба од брза реакција и резултатски пресврт.

Петровиќ нема многу простор за запознавање со екипата. Првиот тренинг е предвиден за денеска, а веќе во недела го очекува дебито на гостувањето кај Штип.

За Скопје ова е обид да се спречи понатамошното продлабочување на кризата, додека за искусниот тренер можност повторно да покаже дека може да извлече максимум од екипа која моментално е далеку од своите реални можности.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Откриени детали: Покетино до 2029-та во Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино ќе стане нов менаџер на...

🎬 Кејн: Модриќ ме поттикнува да ги поместувам моите граници

Хари Кејн стана играчот со најмногу настапи во историјата...

Тео Симиќ со прв „дабл-дабл“ во САД, Арлингтон ја декласираше Бетесда

Македонскиот репрезентативец Тео Симиќ продолжува со одличните настапи на...

🎥 Канингем постигна 52 поени, Детроит победи по две продолженија

Кејд Канингем од Детроит постигна 52 поени, што е...