Тео Симиќ со прв „дабл-дабл“ во САД, Арлингтон ја декласираше Бетесда

Македонскиот репрезентативец Тео Симиќ продолжува со одличните настапи на почетокот од својата американска авантура

Прегледи:

Датум:

Македонскиот репрезентативец Тео Симиќ продолжува со одличните настапи на почетокот од својата американска авантура. Центарот на Тексас Арлингтон го забележа првиот „дабл-дабл“ во НЦАА лигата, откако во убедливата победа над Бетесда од 116:65 оствари двоцифрен учинок во две статистички категории.

Симиќ натпреварот го заврши со 12 поени и 13 скокови за 22 минути поминати на паркетот, потврдувајќи дека може да биде значаен фактор во играта на својот нов тим. Македонскиот кошаркар беше еден од осумтемина играчи на Арлингтон кои постигнаа најмалку 10 поени.

Тексас Арлингтон уште во првото полувреме ја најави убедливата победа, на пауза заминувајќи со предност од 57:32. Во продолжението разликата дополнително растеше, а на крајот тимот стигна до третата победа во четвртиот натпревар сезонава.

Најефикасен во победничкиот состав беше Ноа Шелби со 22 поени, додека Тајсен Мекданиелс запиша 16 поени и 12 скокови. Мајлс Гудман исто така имаше дабл-дабл со 15 поени и 13 скокови, колку што во скоковите собра и Симиќ.

За македонскиот центар ова е уште еден добар сигнал по одличното издание против Портланд, кога постигна 24 поени и беше најдобар стрелец на Арлингтон во победата од 89:85.

Следниот предизвик за Симиќ и неговите соиграчи е дуелот со УТРГВ, закажан за 14 ноември. Македонскиот кошаркар има добар почеток на американската сезона и постепено се наметнува како важен дел од ротацијата на Арлингтон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Откриени детали: Покетино до 2029-та во Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино ќе стане нов менаџер на...

🎬 Кејн: Модриќ ме поттикнува да ги поместувам моите граници

Хари Кејн стана играчот со најмногу настапи во историјата...

Од шампион со МЗТ до спасител на Скопје: Петровиќ доби нова задача во Аеродром

Кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ се враќа во скопски Аеродром,...

🎥 Канингем постигна 52 поени, Детроит победи по две продолженија

Кејд Канингем од Детроит постигна 52 поени, што е...