Реал Мадрид го откупи Мартинез – Валенсија добива милион евра!

Реал Мадрид постигна договор со тренерот Педро Мартинез, кој ќе го преземе шпанскиот гигант. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб ќе плати отштета од еден милион евра за неговото ослободување од договорот со Валенсија

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид постигна договор со тренерот Педро Мартинез, кој ќе го преземе шпанскиот гигант. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб ќе плати отштета од еден милион евра за неговото ослободување од договорот со Валенсија.

Според информации од Шпанија, преговорите со каталонскиот стручњак се интензивирале во саботата, а во текот на викендот и на почетокот на неделата договорот бил финализиран, додека официјална потврда се очекува во наредните денови.

Мартинез треба да има годишна нето плата од околу 1,2 милиони евра во Реал Мадрид.

Оваа информација претходно ја објави весникот „Марка“, додека други релевантни извори блиски до клубот ја потврдија.

Валенсија денеска беше информирана дека ќе остане без својот тренер, кој неодамна ја освои титулата со клубот и имаше важечки договор за следната сезона.

Во меѓувреме, Серхио Скариоло е поканет на состанок во вторник, каде што наводно ќе биде информиран за раскинувањето на соработката со „кралскиот клуб“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...

Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето...