Сестина: Македонија има добар тим кој може да се натпреварува, целта е да победуваме и да имаме резултати

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, крилото максимално е подготвено и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал

Прегледи:

Датум:

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, крилото максимално е подготвено и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал.

Македонија ги одработува последните подготовки пред клучните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Првиот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сестина вели дека првите впечатоци од новата средина се одлични и дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе го облече македонскиот дрес на официјален натпревар.

„Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. Возбуден сум што имам шанса да играм на теренот со овие играчи, верувам дека исто се чувствуваат и моите соиграчи“, вели Сестина.

Заедничката работа и следењето на замислите на стручниот штаб се главниот фокус во пресрет на дуелите со Ирска и Луксембург.

„Работиме заедно, гледаме да се држиме до планот на игра, затоа што нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“, додава новиот репрезентативец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...