Тажна вест од светот на НБА: Почина Мајк Свини

Поранешниот кошаркар на Њујорк Никс и Чикаго Булс, Мајк Свини, почина на 43-годишна возраст

Прегледи:

Датум:

Поранешниот кошаркар на Њујорк Никс и Чикаго Булс, Мајк Свини, почина на 43-годишна возраст. Веста за поранешниот деветти пик на познатиот НБА драфт во 2003 година ја потресе американската и светската кошаркарска заедница.

Свини изгради големо име за време на неговата колеџ кариера на Универзитетот Џорџтаун, што му обезбеди висока позиција на драфтот. Њујорк Никс го гледаа како клучен играч за иднината на франшизата, но неговата кариера во најсилната лига во светот беше обележана и со голема борба со вишокот килограми. По две сезони во Њујорк, тој играше и за Чикаго Булс.

Тажната вест ја потврди преку социјалната мрежа Фејсбук неговата сопруга Индија, која се збогува со својот долгогодишен партнер со трогателни зборови:

„Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот сакан Мајкл. Познавањето на Мајк Свини значеше да го сакаме. Никој не го сакаше повеќе, а тој не сакаше никого повеќе од своето семејство. Тој ми беше најдобар пријател 30 години, а мој сопруг речиси 20. Не сум сигурна што ние, или јас, би правеле без него“.

Официјалната причина за смртта на поранешниот крилен центар сè уште не е објавена за јавноста.

Свини беше дел од историската генерација на драфтот од 2003 година, која се смета за една од најсилните во историјата на кошарката. Таа вечер, Леброн Џејмс беше избран како прв пик, додека српскиот центар Дарко Миличиќ пристигна во Детроит Пистонс од втората позиција. На врвот на драфтот беа и великани како Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд, со кои Свини ја делеше сцената на почетокот на својата професионална кариера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еклстоун: Антонели ќе биде новиот Верстапен

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун по светската...

Легенда на Манчестер Јунајтед бара Мартинез да биде избркан

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ники...

Кајт: Имаме добар план за натпреварот со Ливерпул, тоа ќе биде посебен момент за мене

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дирк Кајт, беше назначен за...

Баркола: Јас не сум Мохамед Салах, дојдов во Ливерпул за да напишам своја приказна

Трансферите за големи пари честопати бараат време за да...