Хјустон Рокетс избегнаа елиминација со победа од 99:93 на гости против Лејкерси во Лос Анџелес.
„Езерџиите“ водеа со 3:0 во серијата, предност што никој досега не ја надоместил во историјата на НБА плејофот. Пред петтиот натпревар во Лос Анџелес, Остин Ривс се врати во поставата, а од друга страна, Рокетси беа ослабени поради отсуството на Кевин Дурант. Но, тимот од Тексас направи брејк, намали на 3:2 и ја вратија серијата во Хјустон и одеднаш сè стана поинтересно.
Пресвртницата беше втората четвртина, која Хјустон ја доби со 30:19, го сврти натпреварот и имаше постојана предност од тогаш па натаму. Беше и двоцифрена, но Лејкерси успеаја да ја намалат разликата на 88:85 во завршниоцата. Сепак, „ракетите“ не си дозволија луксуз да го изгубат водството и на крајот дојдоа до голема победа.
Смит го предводеше победничкиот тим со 22 поени и седум скока, Ајсон додаде 18. На другата страна, Леброн Џејмс постигна 25 поени со седум асистенции, а Ривс кој се врати постигна 22, додека Ејтон имаше „дабл-дабл“ од 18 поени и 17 скока.


