Словенецот Домен Превц победи на натпревар во ски скокови, кој денес се одржа во рамките на Светскиот куп на скокалницата Кулм во Бад Митерндорф, Австрија.
Превц славеше и во Австрија вчера, а денешниот триумф беше негов 13-ти оваа сезона и 22-ри во неговата кариера во Светскиот куп.
Превц триумфираше со скокови од 238 и 245,5 метри со вкупно 463,2 поени. Тој постави и нов рекорд на скокалницата Кулм, која сега изнесува 245,5 метри. Со овој скок, тој го надмина рекордот на својот постар брат Петер.
2️⃣4️⃣5️⃣.5️⃣🔥 NEW HILL RECORD 🚀 DOMEN PREEEEEEEVC ✈️ WHAT A WIN 🏆#fisskijumping #worldcupkulm pic.twitter.com/XqQEVtOO6z
— Viessmann FIS Ski Jumping World Cup (@FISskijumping) March 1, 2026
Второто место го освои Австриецот Стефан Ембахер со 438,4 поени со скокови од 240,5 и 220 метри. Третото место му припадна на Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 405 поени. Тој оствари скокови од 225,5 и 224 метри.
Првото место во генералниот пласман на Светскиот куп го држи Превц со 1.814 поени, додека Јапонецот Рјоџу Кобајаши е втор со 1.053.
Следното натпреварување во скијачки скокови од Светскиот куп ќе се одржи на 6 март во Лахти, Финска.


