Два тимски медали за македонските каратисти на Универзијадата во Бразил

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите-натпревари

Прегледи:

Датум:

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите-натпревари.

Машкиот тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде што со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате.

Успешен настап имаше и тимот во женска конкуренција. Со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал. По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во универзитетското карате.

Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија. На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели пред трката во Мексико: Малку сум понервозен од вообичаено

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, има шанса да...

Киву ги критикува своите играчи: Се чувствуваат задоволни затоа што освоиле многу трофеи

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги нападна своите играчи...

Окон негира дека се степал со шефот на тимот

Возачот на Хаас, Естебан Окон, ги отфрли медиумските извештаи...

Алкараз рутински го победи Де Минор и го освои трофејот во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои турнирот од серијата...