Ѓорческа пред дуелот со Анисимова: Квалитетна и комплетна тенисерка, единствена цел е да го одиграм своето

По трите победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч.

Прегледи:

Датум:

По трите победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч.

Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка.

– Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна и пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“, изјави Ѓорческа во пресрет на утрешниот меч.

Ѓорческа е во групата од 16 тенисерки што ги минаа квалификациите: Марија Тимофеева, Ешлин Кругер, Алина Корнеева, Робин Монтгомери, Леолиа Жанжан, Анастасија Гасанова, Клари Ли, Тајра Грант, Мананшаја Савангкаев, Полина Кудерметова, Мариам Болкувадзе, Ирина Шиманович, Кајла Деј, Бијанка Андреску и Теодора Костовиќ. Сите тенисерки кои ги минаа квалификациите на своето конто имаат освоени 40 поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мусијала откако колабираше втор пат за неколку дена: „Разбирам дека сте загрижени…“

Џамал ​​Мусијала, кој помина низ турбулентна недела и колабираше...

ГРК Охрид го победи младиот тим на Египет на турнирот „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа над репрезентацијата на Египет до...

Искусниот Костоски ќе ги брани боите на KK Соколи 1933 – Штип

Поранешниот македонски репрезентативец - Александар Костоски е ново засилувањe...

ТФТ со нова инвестиција во млади кошаркари: Цветковски (18) потпиша за тимот од Тафталиџе

Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот...