„Не е лесно да се игра против квалификантка, таа играше одлично“, рече Анисимова за Ѓорческа

Ѓорческа, првата тенисерка од Македонија што се натпреварува во главниот ждреб на Гренд слем турнир, покажа отпор кон крајот во обид да го продолжи натпреварот, но Анисимова беше премногу силна и победи за 61 минута

Прегледи:

Датум:

Минатогодишната вицешампионка на Вимблдон, Аманда Анисимова, се врати со победа на Гренд слем турнирот со победа од 6-3, 6-2 над македонската тенисерка и квалификантка, Лина Ѓорческа, за да се пласира во второто коло во вторник.

Анисимова претрпе понижувачки пораз од 6-0, 6-0 од Ига Швјонтек во дуелот за титулата пред 12 месеци, но Американката не покажа никакви знаци на „лузни“ додека играше против својата противничка на теренот бр.2.

Ѓорческа, првата тенисерка од Македонија што се натпреварува во главниот ждреб на Гренд слем турнир, покажа отпор кон крајот во обид да го продолжи натпреварот, но Анисимова беше премногу силна и победи за 61 минута.

Х

„Не е лесно да се игра против квалификантка кој има неколку натпревари зад себе“, рече Анисимова, која се мачеше со повреда на зглобот во последните недели.

„Таа играше одлично, не сме се соочиле една со друга, па затоа беше тешко прво коло. Премногу сум возбудена што се враќам тука. Кога дојдов тука бев исполнета со прекрасни спомени и се обидувам да ја продолжам таа вибрација… обидувајќи се да уживам во секој ден тука.“, додаде Американката.

Анисимова ќе се соочи со Петра Марчинко или Софија Кенин во второто коло.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...