Синер итно хоспитализиран!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер, денес беше итно хоспитализиран на барање на неговиот тим во приватна ортопедска клиника, според локалните тениски новинари, и само неколку недели пред почетокот на последниот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на САД во Њујорк

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер, денес беше итно хоспитализиран на барање на неговиот тим во приватна ортопедска клиника, според локалните тениски новинари, и само неколку недели пред почетокот на последниот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на САД во Њујорк.

Имено, Јаник Синер утрово бил на преглед во Милано, а се наведува дека неговиот физиотерапевт морал да го скрати одморот за да се врати и да изврши прегледи на моментално првиот тенисер на планетата. Засега се знае само дека самиот Синер ја кренал тревогата на највисоко ниво.

Се додава дека сè уште не е познато дали проблемот е од рутинска природа или дали Јаник Синер претрпел повреда, поради што решил да остане кај својот лекар за понатамошни прегледи.

Доколку се покаже дека е нешто уште малку посериозно, на Италијанецот ќе му остане многу малку време да се опорави за Отвореното првенство на САД. Со оглед на тоа што настапот на Карлос Алкараз е исто така под сериозна дилема за последниот Гренд слем во сезоната, јасно е колку голем удар би бил ова за организаторите.

Јаник Синер ги помина претходните денови одмарајќи се во Монако и го пропушти АТП Мастерсот во Монтреал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Зверев неславно ја почна ерата на врвот на АТП листата, Мусети го елиминира од Мастерсот во Париз

Александар Зверев неславно ја започна својата ера на врвот...

Рафиња утре официјално ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Рафиња, официјално ќе го парафира својот...

Де Јонг се жали: Се зборува повеќе за мене отколку за другите

Френки де Јонг го искористи својот 300-ти натпревар за...

Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителни обвиненија

Сè поголем број шефови на англиски фудбалски клубови бараат...