Триумф на Ѓорческа на стартот на W75 турнирот во Лајпциг

Прегледи:

Датум:

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа по три сета игра со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) ја совлада Анастасија Фирман од Украина во меч што траеше 2 часа и 30 минути.

Во првиот сет, кој и припадна на Ѓорческа двете тенисерки имаа проблеми со освојувањето на гем на свој сервис и имаше дури седум брејка (четири за Лина). Во седмиот гем беа одиграно 14 поени, а гемот го освои македонската тенисерка. Во вториот сет Фирман имаше брејк повеќе од Ѓорческа и го доби сетот со 6:4 во гемови и изедначи на 1:1.

Во решавачкиот сет немаше брејк во првите пет гема, а потоа Ѓорческа поведе со 4:2. Но, во деветтиот гем Фирман го врати брејкот, сепак тоа не влијаеше на Ѓорческа, која во следниот гем направи нов брејк и го доби сетот со 6:4 во гемови, а со тоа и мечот со 2-1.

Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Алена Ковачкова од Чешка, која со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк.

Турнирот во германскиот град се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Катастрофални вести за ПАОК – Осман мора на операција на коленото

Кошаркарот на ПАОК, Чеди Осман, го повреди коленото и...

🎥 Зверев неславно ја почна ерата на врвот на АТП листата, Мусети го елиминира од Мастерсот во Париз

Александар Зверев неславно ја започна својата ера на врвот...

Рафиња утре официјално ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Рафиња, официјално ќе го парафира својот...

Де Јонг се жали: Се зборува повеќе за мене отколку за другите

Френки де Јонг го искористи својот 300-ти натпревар за...